10 причини зошто Ви се потребни визит-карти за Вашиот бизнис

И покрај целиот технолошки напредок, визит-картите сè уште се незаменливи. Повеќето сопственици на компании, во својот џеб чуваат визит-карти кои ги даваат на потенцијални клиенти секогаш кога ќе видат можност. Корисно е да имате визит-карта при рака за време на семинари, состаноци или други настани поврзани со Вашиот бизнис.

1. Прв впечаток
Визит-картите се првиот впечаток што Вашиот потенцијален клиент го добива за Вас. Ако дизајнот и содржината на визит-картата се добро изработени, секако впечатокот би бил позитивен што би ги зголемило шансите да се поврзе со Вашиот бизнис и да купи од Вас.
Често, визит-картите се дел од традиционалните маркетинг кампањи. Свесноста за брендот се зголемува за дури 70%. Доколку сакате Вашите потенцијални клиенти да размислуваат и дискутираат за Вашиот бренд и без Ваше физичко присуство, визит-картите се еден од начините како можете да го постигнете тоа.


2. Создадете уникатна слика
Визит-картите не само што го формираат првиот впечаток што потенцијалниот клиент би го имал за Вас, тие исто така создаваат уникатна слика за вашиот бренд. Дали сакате Вашата компанија да изгледа забавно и возбудливо? Можеби сакате да бидете сериозни и професионални? Ретро и автентични? Сето ова е возможно со вистинскиот дизајн на Вашата визит-карта.
На пример, правните компании би имале потреба од едноставен, дигитален дизајн. Од друга страна училиште за уметност би можело да го искористи дизајнот насликан на еден од своите ученици. И двата пристапи создаваат одредена слика за својот бизнис и ги привлекуваат вистинските клиенти.
 
3. Пренесете моќна порака
Целта на визит-картата не е добриот дизајн, туку добрата содржина. Дури и најмала реченица може да пренесе моќна порака и да помогне во препознавање на брендот. Всушност, самиот процес на маркетинг преку визит-картите може да пренесе порака до Вашата публика бидејќи 57% од луѓето тврдат дека се чувствуваат вреднувани кога нивниот бренд поседува визит-карти.
Затоа е важно што пишува на вашата визит-карта. Ако не сте сигурни што да ставите, може да побарате мислење од професионалец, или да го употребите слоганот на Вашиот бренд.
 
4.Поврзување со потенцијални клиенти
Визит-картите, како и секој друг вид на маркетинг, се начин за поврзување со потенцијалните клиенти. Преку нив, даваме до знаење дека постоиме и ја охрабруваме посакуваната публика да  нè контактира, да нè посети, да го погледне нашиот вебсајт или да ни испрати маил. 
 
5. Останете отворена книга
Често, брендовите не сакаат да откриваат со која публика работат за да не ги „исплашат“ останатите клиенти, додека пак потрошувачите сакаат да дознаат што повеќе за услугите и производите на одреден бренд. Никој не би сакал да соработува со бренд кој е познат во јавноста со своите лоши сервиси или лошите услови кои ги имаат вработените во таа компанија.
Затоа е важно да се биде отворена книга. Визит-картите помагаат да се пренесат мали информации за твојот бренд, со што твојата публика би се информирала за твојата добра намера.
 
6. Визит-картите водат до целта
Еден од најголемите проблеми на една компанија е неспособноста да те донесе до целта. Има многу примери на неефективни маркетинг кампањи кои користат големи зборови а не кажуваат ништо.
Визит-картите имаат лимитиран простор каде што не би можеле да зборувате за неважни нешта или надолго да објаснувате за Вашиот бизнис, па ќе мора да бидете јасни и концизни за што се работи.
 
7. Инстантно влијание на публиката
Можеби најдобро нешто со визит-картите е инстантното влијание кое го имате врз публиката. Преку 60% од луѓето ќе посетат одреден вебсајт доколку добијат визит-карта од истиот бизнис. Најчесто, овие луѓе се сретнуваат со тој бизнис за првпат. Што би значело дека многу полесно ќе привлечете нови клиенти.
 
8. Вашиот буџет нема да страда
Дигиталниот маркетинг презеде водство пред традиционалниот, но како што е добро да ве има во онлајн светот, исто така е добро да сте присутни и во офлајн светот. Визит-картите се евтин начин да бидете присутни, а сепак да не дозволите вашиот буџет да страда.
 
9. Баланс помеѓу содржината и дизајнот
Како што кажавме  претходно, има два аспекти на секоја визит-карта: содржината и дизајнот. Балансот помеѓу двата помага да креирате визуелна презентација за сликата на својот бренд, која би ја надополниле со краток текст. Всушност, балансот помеѓу содржината и дизајнот треба да преовладува во секоја маркетинг кампања. Без разлика дали се работи за вебсајт, постови на социјални медиуми или испечатен каталог.
 
10. Ефективноста на маркетингот преку визит-картите

Сите претходноспоменати статистики докажуваат колку ефективно може да биде правилното користење на визит-картите. Сè додека имате балансирана содржина и дизајн, како и добра кампања, не може да бидете во загуба. Нормално, не заборавајте да ја искористите секоја добра прилика за да поделите своја визит-карта.


Визит-картите ја зачувале својата важност во денешниот дигитален свет. Тие помагаат да се одржи лична врска со клиентите. На крајот на краиштата, сепак се маркетинг алатка која создава доверба, и ја пренесува Вашата порака до посакуваната публика

 

Поврзани блог статии