Како да ги изберете вистинските бои за Вашето лого и бренд идентитет

Боите играат важна улога во секојдневната комуникација. Важно е да се запамети дека боите не се само бои, тие исто така пренесуваат и пораки кои се важни за создавање стратегија за брендот. Без разлика дали вашиот бизнис е штотуку отворен и потребно ви е лого, или сте во фаза на ребрендирање, треба внимателно да размислете кои бои ќе ги употребите. Нормално е да сте возбудени и едвај да чекате да го видите своето ново лого испечатено, или на нова веб-страница, но сепак разгледајте ги одделно сите идеи и добро размислете за секоја опција.
 
Која порака сакате да ја пренесете?
Дизајнирањето на сопствено лого или работењето со графички дизајнер е возбудливо. Сведочиш како името на твојот бренд и твојата визија оживуваат. Често, една бизнис идеја не изгледа реално се додека не е во форма на лого. Има нешто поинакво кога ги гледаш слоганот и името на компанијата во форма на лого, испечатени на хартија, или на екран. Во оваа фаза, често доаѓа до грешка, затоа што многу нови сопственици на бизнис избираат фонт, графика и бои според сопствениот вкус. Само затоа што сакаш сина боја, не значи дека таа ќе ја раскаже приказната на твојот бренд. Препорачливо е да се тргнете малку настрана и да размислете која е пораката на вашиот бренд, пред да одберете боја што ќе ја користете. Еднаш кога ќе одлучите која е вашата порака и како се совпаѓа со вашиот бизнис, тогаш можете да одберете и боја.
 
Боите и нивното значење
Во психологијата, долго се проучуваат боите и нивното значење. Графичките дизајнери и сите останати визуелни артисти се свесни за тоа. Ова се некои од значењата на боите:
Сината е една од најпопуларните бои кога се работи за рекламирање на бренд. Ќе забележете море од сини логоа во секторите за финансии, технологија и осигурување. Тоа е така, затоа што сината боја ни внесува доверба, сигурност и стабилност.
Зелената е уште една популарна боја и тоа не само во секторите за животна средина. Зелената боја претставува хармонија, свежина, раст.  
Црвената е боја на страста, желбата и љубовта. Црвената боја ќе го истакне твојот бренд. Таа исто така означува сила, моќ и опасност.
Жолтата преставува среќа, радост, енергија и интелект. Често се користи како секундарна боја затоа што тешко може да се прочита на лимитирана светлина. Кога се работи за печат или веб-страница, важно е бојата да се истакнува.
Виолетовата боја е боја на буржуазијата, боја на луксузот и амбицијата. Слично со жолтата и виолетовата најчесто се користи како секундарна боја.
Многу бизниси преферираат црна боја. Ова секако го олеснува процесот. Но, црната боја не е секогаш правилен избор за многу бизниси. Црната изразува елеганција, формалност и мистерија. Црната боја може да биде вистински избор кога се работи за висока мода, но не и доколку станува збор за школа за странски јазици.
 
Кои се боите што г
и користат вашите конкуренти?
Вие и вашиот бизнис сте уникатни и целта ви е да се истакнете пред конкуренцијата. Копирањето на нивната работа, кога станува збор за брендирање, не е доволно. Од друга страна, избирањето обратни бои исто така не е лотарија до успехот. Треба добро да се анализира конкуренцијата за да се открие што функционира, а што не. Не е лоша идеја да се земе инспирација од некој кој веќе е успешен во сопственото поле.
 
Направете анкета
Ако не можете да се одлучите за боја или за пораката која сакате да ја пренесете побарајте туѓо мислење. Од суштинско значење е прво да се одреди која е вашата порака. Кога со вашиот бизнис партнер ќе одлучите која е вашата порака, може да ги прашате вашите роднини и пријатели за нивното мислење. Покажете им различни опции на бои и прашајте ги која им се допаѓа најмногу и зошто. Може да направите и Гугл анкета и да добиете одговор од непознати лица, што би ви помогнало да го видете размислувањето на луѓе кои доаѓаат од различни средини.
 
Какви се вашите цели?
Кога го креирате сопственото лого запаметете кои ви се целите. Ако имате амбициозни цели за вашиот бренд, замислете како ќе изгледаат вашите бои испечатени на различни материјали, билборди или веб-страници. Дали вашите бои и лого ќе изгледаат убаво на униформите на вработените, на печатени или рекламни материјали. Ова е особено важно ако се одлучите за јаки бои како темно розева или виолетова. Може ќе изгледа убаво во мали дози, но кога ќе го испечатите на цел ѕид може да биде премногу.
 
Бои и печатење
Уште еден аспект кој треба да се разгледа е печатење и пакување. Некои бои може да изгледаат поинаку кога се печатени за разлика од тоа како изгледаат на екран. За да се избегнат некои непријатни изненадувања, направете тест печатење пред да се одлучите за одредена боја. Секако дека постои можност да се заборави на печатење кога преку е-маил ќе го добиете дизајнот од вашиот дизајнер. Сепак, ако вашиот бизнис и промотивен  план има потреба од многу печатење, ќе треба добро да размислете кое е најдоброто решение за вас. На крајот, сите сакаме да избегнеме секојдневни печатени дизајнерски грешки.
 
Заклучок
Кога ќе погледнеме некое лого на познати компании, забораваме колку труд е вложено во негово креирање. Некои компании трошат милиони долари за ребрендирање. За некои локални дуќанчиња во ред е и ако се употреби која било боја, но ако сте сериозни за градење сериозен и професионален бренд со кој би се гордееле, треба да си дадете време и добро да размислете пред да направите избор. За крај важно е да го привлечете вниманието на потенцијалните клиенти и да останете запаметени.

Поврзани блог статии