Зошто рекламните материјали се важни за вашиот бизнис

Во денешниот дигитален свет, тешко може да разбереме зошто рекламните материјали сѐ уште држат толку високо место во маркетинг стратегијата на една фирма. Рекламирањето онлајн носи побрзи резултати, но промотивните производи, сепак, продолжуваат да се една вредна алатка за ширење на името на вашиот бренд и создавање нови бизнис можности.
Всушност, над 50% од луѓето користат барем еден промотивен производ секојдневно, и 85% од нив соработуваат со рекламираната компанија.

 
Што се рекламни материјали?

Рекламни или промотивни материјали се сите производи кои го носат брендот на компанијата на нив. Ова може да биде нешто едноставно како пенкало или маица со логото или слоганот на компанијата, или нешто полуксузно како брендирана дизајнерска вазна.
Промотивните производи се даваат бесплатно на семинари и настани како корпоративни поклони, или пак на вработените на компанијата.
 

7 Причини зошто рекламните материјали се значајна маркетинг алатка

Од развивање свесност за брендот до повторно рекламирање, ова се неколку причини зошто треба да користите промотивни материјали во следната маркетинг стратегија.
 


     1. Евтино рекламирање

Дигиталната реклама брзо ќе се заборави. Емаил лесто се брише. Меѓутоа, брендирани материјални производи траат подолго. Клиентите многу побрзо ќе зачуваат корисни предмети како пенкало, нотес или фитнес опрема. Секојпат кога потенцијалниот клиент ќе извади брендирано пенкало да се потпише, или ќе носи маица со вашето лого во теретана, растат шансите за зголемување на бројот на нови клиенти кои би биле заинтересирани за деталите за вашата компанија. Со секое користење на рекламен материјал сѐ повеќе расте свеста за вашиот бренд. Вие сте направиле мал трошок во споредба со тоа што ќе ви се врати во наредните недели, месеци, па дури и години.

 

     2. Корпоративните поклони градат врски

Одличен начин за градење на долги и јаки врски со најважните клиенти е подарувањето на луксузни корпоративни поклони, како на пример, брендирани актовки. Клиентите сакаат да се чувствуваат вреднувани. Подарувањето корисни подароци ќе влијае позитивно врз вашите клиенти и ќе го зголеми чувството на поврзаност и задоволство.
 


     3. Изградете лојалност кон брендот со бесплатни производи

Растот на нови инфлуенцери на социјалните медиуми е одлична предност на секој бизнис кој инвестира во промотивни материјали. Тоа што инфлуенсерите ќе се сликаат со вашите брендирани производи кои сте им ги испратиле значи дека за вашиот бренд ќе дознаат илјадниците следачи кои ги имаат. Рекламирањето „од уста на уста“ е најсилна алатка за добивање нови клиенти, а со промотивните материјали многу брзо ќе стигнете до нив.
 


     4. Создадете физичка конекција со вашиот бизнис

Луѓето не можат да допрат дигитална реклама или слика на социјални медиуми, а и лесно ќе ги заборават. Но нешто што можат да го држат во рака создава силна врска помеѓу вашиот бизнис и клиент. Оној кој добил промотивен подарок од вас потешко ќе ја заборави вашата компанија затоа што одново и одново ќе го користи производот.
 


     5. Корисна визит-карта

Визит-картите со твоето лого и деталите за контакт може да завршат во нечија фиока што не е корисно за твојот бизнис. Секако дека има време и место кога е добро да се поделат визит-карти, но понекогаш е потребно да се направи чекор повеќе. Термос за кафе, несесер за хигиена или УСБ со испечатени информации за вашиот бизнис може да придонесат многу повеќе.
 

     6.Силен бренд идентитет

Клиентите не се единствени кои сакаат брендирани производи. Силен бренд идентитет на работното место може да придонесе за лојалност на вработените кон компанијата. Тимската работа и мотивација ќе се зголемат ако вработените се горди со својата работа, а со тоа ќе се зголеми и бесплатниот маркетинг.
Со тоа што ќе им подарите бесплатни запалки или миризливи стапчиња или едноставно тетратки со логото на вашата компанија, вие креирате амбасадори на вашиот бренд од своите вработени.
 


     7. Направете репутација за квалитет

Во ред е да изберете евтини промотивни производи за одредени настани. Секој сака да земе бесплатно колаче од некој штанд или да собере промотивно пенкало за својата колекција. Сепак, значајни и висококвалитетни промотивни материјали даваат свежина и луксуз на твојот бренд. Тоа во очите на клиентот покажува дека се грижите за тоа што го подарувате, и дека нудите врвна услуга.
 
 
Како да дизајнирате рекламни материјали што вашите клиенти ќе ги обожаваат
 
Сите сме биле во искушение да ставиме што е можо повеќе информации на промотивниот продукт, но тоа само ќе го оптерети дизајнот. Имајте ги на ум овие точки секогаш кога дизајнирате промотивни материјали.
 
  • Помалку е повеќе
Не ви треба лого, слоган, веб-страница, телефонски број, фејсбук и твитер профил и биографијата на компанијата испечатена на производот. Доволно е да ги ставете само вашето лого и веб-страница, за да го привлечете вниманието на клиентот на прв поглед.
 
  • Задржете ги боите на брендот
Одберете продукт со боите на вашиот бренд за да одржите конзистентност и да ги зголемите шансите за ваше препознавање. Ако одреден продукт не може да го најдете во вашата боја, одберете неутрална боја која ќе го истакне вашиот бренд идентитет преку вашето лого и текст.
 
  • Одберете корисни производи
Ако сакате вашите производи да се користат одново и одново, изберете корисни производи како брендирана чаша, маица, пенкало, или чадор. Сето ова се одлични примери за предмети кои се корисни за вашите клиенти.
 


Рекламните производи се толку разновиден и витален канал во вашата маркетинг стратегија.
Од брендирани чаши до антистрес топчиња, во нашиот каталог ќе ги најдете сите видови на промотивни производи идеални за зголемување на свеста за брендот. Направете список со желби од вашите омилени производи за да започнете со планирање на вашата нова стратегија за маркетинг!