Која е разликата помеѓу офсет и дигиталното печатење

За повеќето клиенти разликата помеѓу дигитално и офсет печатење е тоа што дигиталното печатење е подобро за помал број примероци, додека офсет ако печатите голем број примероци и сакате да бидете поекономични.

И двата начини се висококвалитетни и се одличен пример за успешен печат. Иако клучниот момент за избор најчесто е бројот на примероци кои му се потребни на клиентот, сепак има и други разлики кои би требало да се разгледаат ако размислувате кој би бил идеалниот избор за Вашиот проект.

Офсет печатењето е процес кој трае подолго, затоа што е потребно повеќе време да се подеси печатачот, а крајниот продукт мора целосно да се исуши. 

Дигиталното печатење беше познато како копирање, но сега тоа е веќе старомоден термин. Сега, речиси сите копираат материјали испратени преку електронска пошта. Дигиталното печатење е многу побрзо, а сепак со квалитет е исто како и офсет печатењето. Но, иако денес речиси сè може да се печати дигитално, сепак зависи и од тоа што би било подобро за Вашиот бизнис.
 


 
Која е вистинската разлика?

Ако сакате да печатите брошури, визит-карти, постери или рекламен материјал, веќе знаете дека ќе Ви е потребен совршен дизајн, лого и добар избор на бои. Меѓутоа, откако ќе ги штиклирате сите овие работи на листата, има уште нешто што треба да одберете: офсет или дигитално печатење.

Па, која е разликата помеѓу двата вида? Печатење е печатење, зар не? Па, не баш... Ајде да ги погледнеме двата метода, нивните разлики и кога има смисла да се одбере едното пред другото.
Подолу неколку разлики, предности и мани кои можеби би Ви помогнале да се одлучите помеѓу двата вида печатење.
 
 
Што е офсет печатење?

Офсет печатењето е широко употребувана техника на печатење, каде што печатењето на материјалот индиректно се пренесува од офсетна плоча, која најчесто е направена од алуминиум, на гумен цилиндар, и конечно од гумениот цилиндар на површината за печатење. Се нарекува офсет (од англиски: offset) затоа што мастилото не се префрла дирекно на хартија.  Офсет печатењето му дава на Вашиот печат еден професионален изглед и е најдобар избор ако печатите големи количини. 
 
Офсет печатењето, познато и како литографија, е најкористен метод од големи комерцијални и корпоративни компании.

Еве како функционира: Најпрво, печатачот го гори дизајнот на метални плочи. Најчесто, се користат 4 бои (цијан, магента, жолта и црна) но, офсет печатењето дозволува користење и на други бои. Следно, дизајнот се префрла од плочите на гумени цилиндри. Различните мастила од боите се распрскуваат по гумата, а хартијата поминува низ запците и така се создава крајната слика.
 


 
Предности на офсет печатењето
  • Може да сметате на тоа дека ќе добиете супериорен квалитет на сликата.
  • Боите се секогаш како на оригиналот.
  • Функционира подеднакво добро за секаков вид материјал.
  • Може цената да Ви звучи многу на почеток, но добивате повеќе за помалку пари, ако печатите огромни количини. ,
 
Мани на офсет печатењето
  • Скапо е ако печатите помал тираж
  • Подолго време додека се заврши целиот процес
  • Во случај на грешка не може да се поправи и мора сè одново да се печати
 
 
Што е дигитално печатење?

Во дигиталното печатење не се користат плочи како кај офсет печатењето туку тонер или поголеми печатачи кои користат течно мастило. Дигиталното печатење е идеално ако имате потреба од помала количина, која би била поскапа доколку печатите офсет. Друга предност на дигиталното печатење е можноста за варијации. Ако имате потреба секое парче да има различен код, име или адреса, одлучете се за дигитално печатење.

Оваа техника ги прескокнува плочите, гумените цилинтри и дизајнот дирекно го аплицира на површината која се печати. Печатниците најчесто имаат вакви индустриски принтери коишто се поголеми, побрзи и попрецизни од оние кои ги имате дома или во канцеларија. 

 
 
Предности на дигиталното печатење
  • Побрзо
  • Ризикувате помалку непарни варијации предизвикани од нерамнотежа во водата и мастилото.
  • Поевтино за помали количини

Мани на дигиталното печатење
 
  • Поскапо кога се работи за печатење големи количини
  • Малку послаб квалитет, иако во добрите печатници не е тој случајот
 

Како да се одлучите за дигитално или офсет печатење?

Ако сè уште не сте сигурни кој е правилниот избор за Вашиот следен проект, разгледајте ја листата подолу за да си помогнете.
 
Волумен: Колкав е Вашиот проект?

Aко печатите повеќе од 500 парчиња, тогаш не размислувајте, затоа што офсет печатењето е вистинскиот поевтин и поквалитетен избор за Вас.
 
Време: Дали Ви се брза?

Ако нешто Ви е потребно во последна минута, дефинитивно дигитално печатење, затоа што со офсет, нема да стигнете на време.
 
Изглед:

Сакате визит-карта со уникатни бои на чиста пластика? Работа за офсет печатењето.
Сакате секое парче да биде различно? Дигиталното печатење настапува на сцена.
 
Материјал: Што сакате да печатите?

Сакате да испечатите нешто на метал или текстил? Кој и да е вашиот избор во поглед на материјал, може да ги изберете и двата метода.
 
Доказ: Потребен Ви е примерок прво?

Ако сакате да добиете примерок како Вашиот материјал би изгледал печатен тогаш подобро е да пробате со дигитално печатење. Процесот со офсет печатењето е подолг и ќе ве чини многу пари.
 
Вид: Што печатите?

Визит-карти, лојални картички, флаери, покани, брошури?
Црно-бели или само во една или две бои?
Ако да, и се повеќе од 500 тогаш изберете офсет.
Ако да, а се помалку од 500, тогаш дигитално. Исто изберете дигитални и ако печатите во повеќе варијации.

 
Дали офсет печатењето е подобро од дигиталното печатење?

Многумина се прашувале истото претходно и одговорот е и ДА и НЕ. Офсет печатењето постои повеќе од еден век и со декади бил најдобар начин за печатење кога се работи за весници, списанија, брошури и слично. Офсет печатењето се смета дека е со подобар квалитет, но дигиталното печатење видно напредна во последните години, па разликите се минимални особено за нетренирано око. Па разликата најчесто е во буџетот и времето со кои располагате. Кога се работи за изглед, мали се шансите да погрешите.
 

Заклучок

Иако е важно и личното искуство и преференции, сепак разликите кои ги наведовме може да Ви го понудат изборот кој би бил најсоодветен за Вашиот бизнис или за следниот проект. Како и за сè друго, така и во овој случај добро би било да прашате дизајнер за совет. Па, ако не сте сигурни што е најдобро за Вашиот проект, побарајте помош од експертите!

Поврзани блог статии