Препорачано

Дизајнирање флаери: Идеи за успех на Вашиот бизанис

Сте се запрашале некогаш која е разликата од успешен и неуспешен флаер? Епа, сè е во дизајнот. Успешните флаери имаат елементи кои го привлекуваат погледот. Всушност, токму преку такви флаери може да ги постигнете Вашите маркетинг цели за најкраток можен рок.

Но, за флаерите правилно да си ја завршат својата работа, мора да научите неколку трикови. Важно е да ги разбирате визуелните аспекти што ги тераат луѓето да го земат Вашиот флаер, да го прочитаат и да ја преземат посакуваната акција.

Па, да ги погледнеме најдобрите пракси за дизајнирање флаери кои ќе ги натераат потенцијалните клиенти да станат редовни.


Дефинирајте ја Вашата цел

Пред да започнете да го дизајнирате Вашиот флаер, запрашајте се што сакате да постигнете. Ако сакате да ја информирате Вашата публика за нова бизнис локација, од суштинско значење е тоа да го наведете во Вашиот план. Со ова ќе избегнете одредена ситуација каде што можеби би ја збуниле публиката.

За почеток, дефинирајте кои се Вашите клучни порак. Ова може да биде во форма на клучен збор или фраза што ќе ја има на Вашиот флаер. Следно, идентификувајте целна публика. Може да одберете целна публика базирана на години, локација, или интереси, во зависност од тоа што го нудите и Ви одговара.

Од овие информации , може да креирате стратегија за како подобро да ја разберете Вашата публика и акциите кои сакате да ги преземе. Ако сакате да присуствуваат на отворање на одреден настан, тогаш Вашиот маркетинг план треба да Ви помогне да го илустрирате ова на Вашиот флаер.


Најважната информација на почеток

Голем број луѓе го читаат флаерот од горе па надолу. Па, кога дизајнирате флаер, најважната порака мора да биде на врвот. На овој начин ќе сте сигурни дека публиката ја добила клучната порака. Со тоа што на врвот на флаерот ќе ставите дека имате распродажба во Вашата продавница ќе се осигурите дека потенцијалните клиенти ќе ја прочитаат таа порака и ќе дојдат во интеракција со Вашите производи. 

Исто така, запаметете да бидете креативни со графиката. Најинтересните слики поставете ги што е можно погоре на флаерот. Ова е добро за оние кои не сакаат да читаат, а сепак ќе ја добијат пораката.


Изберете ги вистинските бои и фонтови

Избирањето вистински бои и фонтови може да биде едно од најнапорните нешта кога се работи за креирање флаери. Никогаш не сте сигурни дали одредена боја е пресветла или претемна за Вашата публика. Ако не сте сигурни, можно е да погрешите, а погрешниот избор може да не Ви ги донесе посакуваните клиенти. 

Еден совет кој секогаш функционира кога дизајнираме флаери е да бидат едноставни, но и да го „фатат погледот“.  Што значи дека може да избирате од мешавина на силни и светли бои за Вашиот флаер. Поставете ги стратешки за да се осигурите дека ќе ја доловат пораката која сакате да ја испратите.

Исто, не претерувајте со фонтови. Флаер со премногу различни фонтови делува збунувачки. За почеток доволно е два. Ако имате потреба од повеќе, проверете дали се надополнуваат еден со друг и со останатите елементи на флаерот.

Понатаму, побарајте препорака од пријател или колега, која би им помогнала на клиентите во носењето одлуки. Исто така, може да испратите мејл на Вашите редовни клиенти со различни флаери и да забележете кој ја отворил пораката, и како реагира публиката на секој флаер поединечно. 

Не се плашете да тестирате и да откривате нови начини кои би функционирале за Вашата публика. Сепак, преку грешките се учи. 

 


 
Користете висококвалитетни фотографии

Квалитетната фотографија ќе ги натера луѓето да го прочитаат флаерот. Ништо не ја намалува ефективноста на визуелните елементи како нејасна слика или графика која не е поврзана со Вашата порака. Поради оваа причина, графичките дизајнери обрнуваат големо влијание на најситните елементи. Затоа најважна алатка кога дизајнирате флаер е добар лаптоп. Без тоа, нема да стигнете далеку со Вашата дизајнерска цел.


Вклучете видлив повик за акција

Флаерот е еден вид маркетинг алатка, чијашто примарна цел е луѓето да преземат одредена акција. Ако сакате повеќе посетители во Вашата продавница, тогаш поставете ја физичката локација од Вашиот бизнис на флаерот.

Вашиот повик за акција треба да биде видлив од секој агол. Може да пробате да користите различни бои или фонтови за да ја истакнете Вашата порака. Сепак, повикот нека биде јасен и директен за секој да го разбере.


Бидете професионални

Секој бизнис има одредена професионалност. Поради овие причини, и ако целната публика не се професионалци, Вашиот јазик треба да биде.

Ќе помогне ако имате неутралност во Вашата порака. Да се биде професионалец значи да се пренесе пораката на начин кој ќе одговара за сите, односно секој ќе ја разбере.


Креирајте флаер со Вашиот бренд во мислите

Секој бренд е уникатен. Дури и две организации кои ги продаваат истите продукти, користат различни начини за промовирање на сопствените брендови. Па, кога креирате флаер, брендот нека Ви биде цело време во мислите. Вклучете елементи кои најдобро ја претставуваат Вашата компанија.

Осигурите се дека дека секој веќе постоечки клиент, ќе го препознае Вашиот бренд веднаш откако ќе го добие флаерот. На овој начин ќе го зачувате Вашиот уникатен идентитет дури и покрај големата конкуренција на пазарот.


Внимавајте на грешките

Замислете го следново сценарио: Вие имате професионален бизнис за книги и организирате натпревар за креативно пишување. Испраќате флаери, но на нив недостасува информација за местото каде што ќе се одржува настанот – голема грешка.

Можеби сè друго било правилно, сте привлекле внимание од публиката, има доста заинтересирани, но никој нема да дојде. Ова ќе го избегневте ако имавте план и неколку пати одново и одново го прочитавте флаерот за да проверете дали фали некоја информација.

Исто така, внимавајте на правописните и граматичките грешки. Тоа што можеби Вам ви се чини неважно, може да одврати важен клиент.

Денеска постојат различни софтвери и платформи како толковен или дигитален речник кои можат да Ви помогнат доколку не сте сигурни дали Вашата информација е граматички и правописно точна.


Заклучок

Најважно за добар флаер е познавање на целната публика. Ако знаете до кого сакате да стигнете со Вашата порака, ќе креирате флаер кој ќе го долови вниманието на посакуваните клиенти. Флаерите не треба да се комплицирани. Можат да бидат едноставни а сепак да го привлечат потребното внимание.


 

Поврзани блог статии