Погледнете наоколу и разгледајте колку маици рекламираат одреден бренд. Ќе најдете премногу, почнувајќи од Адидас, Најк, Ралф Лорен, па се до маици со брендот од фирмата во која работат тие што ги носат. Овие компании го креваат стандардот за рекламирање на повисоко ниво, со интересниот дизајн на своите маици.
Кога печатите маица не се фокусирајте само на печатење лого. Може да бидете креативни и да ги користите печатените маици за сезонски попуст, понуди, натпревари или порака која сакате да ја испратите. Подолу неколку предности кои ги добивате доколку се одлучите да испечатите маици за да го промовирате сопствениот бизнис.
1. Евтино и брзо за изработка
Пред сè, печатењето маици е најбрзиот начин за промоција на Вашиот бренд. Сè додека дизајнот и техниката за печатење се испланирани со време, процесот за печатење ќе биде навистина брз. Нема поефективна опција од печатењето промотивни маици, со дизајн по Ваш избор. Сè што треба да направите е да ги изберете елементите кои сакате да се печатат.
2. Уникатност
Кога ќе решите дека сакате да се рекламирате преку промотивни печатени маици, Ви останува и да изберете добар дизајнер. Сега веќе имате можност да создадете нешто совршено од почеток. Може сами да развивате идеи, да си играте со боите или да искористите интересни фрази, во зависност од тоа што сакате да промовирате. Шансите за изработка на уникатни маици се речиси бесконечни.
3. Различни опции
Сите сакаме квалитетно печатење по разумни цени. И најчесто тоа и го добивате. Може да избирате дали сакате дигитално печатење или со пресликувач. Во секој случај нема да погрешите.
4. „Team Building“
Кога Вашите вработени ја носат маицата на Вашата компанија:
- Создавате чувство на доверба помеѓу работникот и клиентот
- Го негувате тимскиот дух
- Создавате чувство на припадност, гордост и единство во компанијата
- Градите борбен и натпреварувачки дух кон другите брендови и
- Им давате на вработените чувство на авторитет
Кога Вашите вработени се чувствуваат посакувани во Вашата компанија, нивната продуктивност ќе се зголеми и полесно ќе ги постигнат целите на компанијата.
5. Подвижна реклама
Промотивните маици градат армија за Вашиот бренд. Ако Вашиот тим или Вашите вработени се поканети на конференција или промотивен настан, Вашето лого на Вашите маици ќе влијае луѓето да се заинтересираат повеќе за Вашиот бренд.
Често на настани, организаторите даваат маици брендирани со нивните спонзори. Некои спортисти носат промотивни маици за време на играта. Што мислите, зошто толку многу компании трошат огромни суми за печатење промотивни маици? Причината е што печатените брендирани маици се еден вид подвижна реклама за формирање свесност за брендот. На овој начин печатените маици влијаат позитивно на бизнисот.
6. Почеток на конверзација

Да, точно е. Добро дизајнирана маица може лесно да го улови погледот и да остави впечаток. Само замислете ги Вашите вработени како носат маици со Вашето лого на јавни настани. Луѓето ќе почнат да зборуваат за дизајнот на маицата и, евентуално, за Вашата компанија. Овој вид конверзација создава долготрајна импресија и идејата за Вашиот бренд веќе влегува во главите на луѓето. Затоа направете маица која ќе им „зборува“ на луѓето и ќе ја пренесе Вашата порака.
7. Магнет за таленти
Да речеме дека Вашиот бизнис е поврзан со мода и дека имате натпревар за убавина. Логото на Вашите маици ќе го промовира Вашиот бренд на публиката. Можеби во публиката има луѓе со слични интереси кои би сакале да работат или соработуваат со Вас и да придонесат за Вашата компанија со своите вештини.
Затоа, носењето промотивни маици може да привлече вредни таленти и да имате големи придобивки од тоа.
8. Безбедност на работното место
Со тоа што Вашите вработени ќе носат маица која го промовира Вашиот бизнис, вие ќе сте заштитени од натрапници, т.е. лесно ќе забележите кој работи навистина за Вас. Ова е особено важно ако организирате големи настани, конференции или кампањи.
9. Долготрајна промоција
Печатените маици промовираат подолго од кој било друг медиум како телевизија, весници, банери и слично. Секојпат кога Вие или Вашите вработени ја носите маицата во јавност, Вашиот бренд не останува незабележан.
10. Одговорност на вработените
Иако маиците можат да ги направат вработените да се чувствуваат важни за компанијата, тие исто така создаваат и чувство на одговорност кон тоа каква услуга нудат кон клиентите. Со тоа што логото на компанијата е секогаш видливо на нивните маици, тие се свесни како изгледаат во очите на клиентите. Поради тоа тие се попрофесионални и поучтиви.
Користењето промотивни печатени маици е една од најдобрите стратегии за промоција на Вашиот бизнис и привлекување нови клиенти. Секако, тоа што ја имате слободата сами да креирате лого со прекрасни дизајни и графики го прави целиот процес уште позабавен.
Затоа уште денес осмисли дизајн за себе и своите вработени и израдувај ги со нови маици!