Како дигиталното печатење ја менува модната индустрија

Поимот „брза мода“ не отсекогаш имал позитивна конотација. Всушност според Шерон Донович, маркетинг менаџер за Корнит Дигитал, се сметал за погрден збор во одредени кругови.

„Брзата мода се заснова на високо профитабилен бизнис модел кој е базиран на реплицирање на новите трендови и  дизајни, и нивно масовно производство по ниски цени“ – вели таа. „Брзата мода е одговорна за загадувањето – користењето на синтетички материјали, искористување на работна сила  и форсирање на краткотрајни модни трендови пред класичниот стил.“

Таа забележува дека според Обединетите Нации, модната индустрија е одговорна за 10% од ефектот на стаклена градина, што е причина зошто многумина се свртеа кон дигиталните технологии. „Кога се започна со дигитално печатење, целта беше персонализиран принт, но со напредокот на технологијата се смени и однесувањето на потрошувачите... брзите модни трендови гледаат како повеќе да го присвојат дигиталното печатење. Тоа нуди одредени предности како минимален квантитет, минимално време за да се пушти на пазарот, се произведува според нарачка, нема инвеститорски ризик и има бесконечно многу дизајни. Но, најважно не загадува.“

Голем дел од овој процес на одржливо производство, што е привлечно за многу модни брендови е редукцијата, ако не и целосна елиминација на отпадок. Тим Чек забележува дека ова е еден од најголемите движечки трендови во модната индустрија. „Дигиталното печатење на текстил го намалува отпадот при дизајнерскиот процес со тоа што им дозволува на дизајнерите  да направат тест на помал материјал и така се троши помалку текстил“ – вели тој.           

Лили Хантер нагласува „Дигиталното печатење на текстил им овозможува на дизајнерите и производителите брзо да стигнат од идеја до производ. Дизајнерот може да создаде нов дизајн или да го модифицира стариот, да го испечати, да направи прототип и да добие дозвола за производство. Модата брзо се менува како последица на промените кои ги носи секоја сезона или нова колекција, и затоа дигиталното печатење е идеално решение за овој „проблем“.

Ова значи дека брзата мода не е повеќе погрден збор за новите брендови и станува нов начин за брзо, евтино и ефективно производство на дигитално печатен текстил.
 

Создавање нов пазар

Да се забележи шансата и да се знае како да се искористи и да се создаде нов бизнис се две различни нешта. Според Хантер, брзата мода не е игра на сè или ништо. Печатниците, вели, можат да започнат со малку. „Не треба да исклучите сè, за да бидете дел од модната индустрија“, вели таа. „Започнете со нудење брендирани маици, униформи, дуксери. Одберете една работа која ќе ја печатите, а потоа, со тек на време, проширете се. Се работи за култивирање на вистинските врски, затоа што брзата мода е повеќе од едноставно печатење текстил – таа е и дел од целиот производствен процес за кој печатниците треба да се свесни и спремни. Маркетингот исто така игра клучна улога во брзата мода. Маркетингот создава желба за конзумирање нови дизајни и ја затвора празнината меѓу креацијата и конзумацијата.“

 

 
Друга работа која треба да се земе предвид е технологијата која се користи. Чек вели дека во зависност од тоа во што ќе реши продавницата да инвестира ќе определи каков тип на брза мода и кои брендови треба да се таргетираат.

Но покрај технологијата за печатење, софтверскиот дел на продукцијата исто така брзо се менува, што помага во растот на брзата мода. 3Д дизајнерскиот софтвер го менува начинот на купување онлајн и начинот на кој размислуваат потрошувачите, што всушност е најважниот пазар при дигиталното печатење текстил.
 

Препреки и предности кои треба да ги имате на ум

Дигиталното печатење текстилни материјали има безброј предности, но има и одредени бариери кои треба да се надминат.

Да се биде дел од брзата мода е исполнувачки во најмала рака. Меѓу другото, со дигиталниот печат имате поголема контрола врз дизајнот, производството, и контролата на квалитетот..

Брзата мода не бара само добра опрема и технологија, туку и чувство за тоа што им е потребно на брендовите, и способност за соработка со нив за брзо печатење нови материјали. Иако не е едноставно како „Купи ја машината работата сама ќе си дојде“, дигиталното печатење текстил сепак нуди неограничени можности за сите кои сакаат да експериментираат.
 

Сепак, она што ги интересира потрошувачите е добриот дизајн и добриот материјал. Во ИН Дизајн Студио поседуваме врвна технологија за дигитално печатење текстил, како и експерти во полето на графички дизајн. Единствено што Вам Ви останува е да ја изразите Вашата желба, а наше е да ја испечатиме.

Поврзани блог статии