Зошто треба да се свртете кон флуоресцентно печатење

Дали вашите клиенти сакаат да додадат дополнително значење на следното офсет печатење? Ако е така, може да ги потсетите дека додавањето на флуоресцентно мастило при нивното наредно печатење е како додавање сончева светлина на сликите.

Кога вашите клиенти бараат светла, живописна боја за промоции или кампањи за директна пошта, флуоресцентните бои се одлична опција за тесен буџет.
 

Флуоресцентните мастила можат да ги истакнат боите

Постојат повеќе од еден начин да се користат флуоресцентни бои при офсет печатење. „Сликата на розев балон може да се подобри со додавање на 25 до 50 проценти од флуоресцентно розево во магентата“, вели Мајк Митрик, професор на Факултетот за  графички уметности Помко во Филаделфија, ПА. „Бидејќи флуоресцентните бои се релативно слаби, ова и овозможува на сликата повеќе да се истакне, задржувајќи ги длабочината, деталите и контрастот, користејќи ја потешката магента“.

За дополнителна контрола и уште поголемо влијание врз печатот, можете да додадете и петта боја за да го интегрирате розевото мастило во балонот. Ова ви овозможува да изберете каде ќе се испечати флуоресцентно мастило на листот, додека другите бои остануваат вистинити, како што се месните тонови на лицето кое го држи балонот.
 

Економична и разновидна употреба

Хартиите коишто не се обложени имаат тенденција да апсорбираат многу мастило во листот, па така боите честопати можат да ја изгубат живоста и да останат привремени. Но, флуоресцентните мастила одржуваат повисоки нивоа на осветленост дури и кога се апсорбираат, бидејќи рефлектираат повеќе светлина на вашето око.

Тие исто така може да се користат на крајот од процесот на печатење како поправка ако сликата не се печати чисто на хартија. На пример, ако жолтата и магентата се доминантни бои на сликата, тие можат да бидат заменети со флуоресцентни бои за да ја осветлат „валканата“ слика.
Важно е да се запамети дека не секој печатач ќе има ист процес, опрема или снабдувач. Кога се правилно применети, флуоресцентни бои претставуваат економична алатка што може многу да влијае на вашите печатени промоции.
 

Работи на кои треба да внимавате при печатење со флуоресцентни мастила:
  • Лесни и светли слики се идеални за флуоресцентни бои. Ако ги користете овие бои во темни слики со многу сенки може да изгубите тежина и контраст.
  • Флуоресцентни бои се приближно 20 проценти поскапи од обичните бои. Сепак, цената на боите во рамките на целиот проект е минимална.
  • Флуоресцентно жолтата и магентата даваат најголемо влијание, додека сината е помалку ефикасна.
  • Внимавајте како ќе ги премачкате флуоресцентните бои. Водените премази може да предизвикаат нивно „изгорување“, така што побрзо ќе исчезнат отколку кога се става лак. Во секој случај, облогата може малку да го намали флуоресцентниот ефект.
  • Бидејќи овие бои се релативно слаби, печатачите честопати треба да имаат повеќе мастило во печатот за да постигнат посветли нијанси.
 

Флуоресцентните бои изгледаат посветли за окото затоа што користат поголем дел од светлосниот спектар, вклучително и УВ-светлината.

Мастилото е составено од флуоресцентни бои и смола. Боите всушност го прават мастилото светло, но тие не можат да флуоресцираат освен ако не се додаде смола во растворот.
 
На крајот на краиштата, целиот процес лесно може да се научи. За почеток важно е вашата печатница да обезбеди машини кои би можеле да печатат со флуоресцентно мастило. А потоа, секако, и да ги остварите флуоресцентните соништа на вашите клиенти.

Поврзани блог статии